Роберто Манчини успеа да го освои Европското првенство со репрезентацијата на Италија.

„Азурите“ во неделата по пенали го совладаа тимот на Англија во финалето на Европското првенство и успеаја да дојдат на тронот на Европа.

Италијанците играат фантастично откако Манчини ја презеде репрезентацијата и направија неверојатен чекор напред. Сè започна кога тие не се пласираа на Светското првенство пред три години, а потоа Манчини направи целосна промена на генерациите.

Искусниот стручњак направи одличен тим со уште подобра атмосфера, и на крајот успеаја да стигнат до титулата европски шампион.

Италијанците вчера се вратија во Рим каде беа пречекани на фантастичен начин, а специјални пофалби доби Манчини кој едноставно ја оживеа оваа репрезентација.

Манчини денес се најде во центарот на вниманието на англиската јавност откако на фотографијата забележаа еден дета детаљ од авионот. Манчини го задржа трофејот со себе и објави фотографија од авионот, а тоа предизвика големо внимание.

Имено, трофејот се најде на весникот на шкотскиот весник „Национал“, кој крена голема прашина на денот на финалето.

Шкотите објавија фотографија од легендарниот филм „Храбро срце“, а на фотографијата беше Манчини со опис „Спаси не Роберто, ти си единствената надеж“.

Англичаните реагираа бурно на ваквиот вид на покриеност од соседна земја и очигледно многу го воодушеви Манчини. На крајот, италијанскиот тренер реши да ги испровоцира Англичаните позирајќи со Купот на европските шампиони, но и на насловната страница на шкотскиот весник.