Американскиот Сенат го ослободи поранешниот претседател Доналд Трамп со мнозинство гласови по обвинението за поттикнување бунт за време на немирите и упадот во зградата на Конгресот на 6 јануари, со што не успеа и втората иницијатива на демократите за негово отповикување.

За отповикување на Трамп гласаа 57 сенатори, додека 43 беа против.

– Advertisement –

Оваа одлука беше очекувана, имајќи предвид дека за осуда на Трамп беше потребно двотретинско мнозинство од Сенатот, односно демократите требаше да бидат поддржани од најмалку 17 сенатори од редовите на републиканците. Сепак, само седум од нив го сторија тоа.

Процесот на импичмент на Трамп започна во вторникот пред Сенатот, каде демократите имаат 50 места.

Прикажи повеќе