„Денес во Шопинг центарот во Кочани НСДП отвори регионален изборен штаб за изборната единица 3 и го промовираше кандидатот за пратеник, претседателот на НСДП, Горан Мисовски.
На присутните им се обратија шефот на ЦИШ Мики Милковски, кандидатот за пратеник Горан Мисовски, носителката на листата во ИЕ.3 Сања Лукаревска, кандидатката за пратеничка од Кочани Душанка Ѓоргиева и шефот на РИШ за ИЕ.3 Оливер Досевски.
Претседателот Мисовски поздравувајќи ги присутните посака успешна кампања на кандидатите за пратеници. Истакна дека оваа политичка гарнитура донесе слобода и демократија, ја стабилизираше државата, донесе одлуки за помирување со соседите, ја зачлени државата во НАТО. Донесе голем број на социјални реформи, реформи во системот на плати, минималната плата порасна од 8500 на 22500 денари, просечната од 22500 порасна на 40.000 денари. Оваа влада успешно се справи со ковид кризата, со економската и енергетската криза. За разлика од нас од другата страна во главната политичка опозиција го имаме ВМРО-ДПМНЕ кои не се откажуваат од трите П: пендрек, пари и пропаганда. Шират лажни вести и лажен патриотизам. Тоа е истата матрица на делување, партија која ги нахушка граѓаните и криминални банди на крвавиот четврток да ги нападнат пратеноците. Симболично покажа камен на кој пишива ВМРО со кој демонстрантите и насилноците на 27 април ги гаѓале пратениците, кој паднал до него.