Овој понеделник нека биде поинаков од сите минати. За неделата да започне во добро расположение подгответе си прекрасен ручек, само за вас или пак уживајте заедно во подготовката со партнерот или пријателите. Подгответе пролетно рижото кое ќе го претвори овој ден во вистинско гурманско уживање, а по желба додадете и парче риба.

СОСТОЈКИ:

  • 1 китка свежи шпаргли
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 средна главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 50 г арборио ориз
  • 120 мл бело вино
  • 2 лажици лимонов сок
  • 1 лажица рендана кора од лимон
  • 1,2 л растителна супа
  • сол и црн пипер
  • 30 г рендан пармезан
  • 1 лажица свежи листови од мајчина душичка

ПОДГОТОВКА:

Во сад ставете вода да се свари. Додајте ги врвовите од шпарглите и кратко бланширајте ги, околу 2 минути, додека омекнат. Извадете ги и измијте ги со ладна вода, за да не продолжат да се варат. Во тавче на маслиново масло додајте го сечканиот кромид и пржете да омекне. Додајте го лукот и гответе уште неколку минути. Додајте го оризот и мешајте 2 минути да се загрее. Намалете ја температурата и додајте го виното, лимоновиот сок и кора, па варете со повремено мешање додека се впие виното. Потоа додајте околу 240 мл од готовата растителна супа и варете со повремено мешање, додека се впие течноста. По потреба додајте уште супа додека биде варен оризот „ал денте“. Потоа додајте ги зачините заедно со листовите мајчина душичка и измешајте. Додајте ги врвовите од шпаргли и нека се вари една минута. На крај посипете со пармезан.

Добар апетит!