Екипата на пролет не ги продолжи квалификациите за Европската лига, отпаднаа уште во првото коло, но сепак победа заминаа дома.

Ракометарите на Пролет славеа со 29-27 во реваншот со Гранолјерс, но првиот натпревар за нив беше тежок пораз од 36-21, кој, сепак, беше пресуден за епилогот во овој квалификациски двомеч.

Шпаците одлично започнаа и дојдоа до до максимални 13-8. Пролет успеа да се врати во игра па до крајот на полувремето да намали на 14-12.

Второто полувреме Пролет играше многу подобро, успаа да израмнат на 15-15, потоа се играше гол за гол, но по врзаната серија на Пролет од четири гола по ред првпат на средбата поведе, со 23-20. Водството стигна и до плус пет, а домаќинот немаше мотиви и сили до крајот да се бори за пресврт.