Извршниот продуцент на серијата „Пријатели“, Кевин Брајт, сподели што мисли за појавувањето на актерот Метју Пери на специјалното обединување на екипата кое беше прикажано пред неколку дена на стриминг сервисот „HBO Max“.

Разговарав со него. Беше одлично да го видам повторно“, изјави 66-годишниот режисер за „The Hollywood Reporter“. „Немам што да кажам за тоа, освен дека беше одлично да го видам. И мислам дека тој е многу смешен во шоуто. Но, да, мислам дека е добро. Ми се чини посилен и подобар од последниот пат кога го видов и возбуден што продолжува напред“, истакна тој.

Метју Пери ги загрижи фановите: „Делува изгубено и зборува нејасно“

51-годишниот Пери се појави заедно со неговите колеги Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер за специјалната епизода. Обединувањето се случи 17 години по завршувањето на шоуто во 2004 година. А појавата на актерот Метју Пери ги загрижи обожавателите ширум светот.

Имено, Пери се бореше со злоупотреба на дрога и алкохол за време на снимањето на серијата. Тој присуствувал на 28-дневна програма за рехабилитација во 1997 година за зависност од „Викодин“ и повторно се вратил на рехабилитација во 2001 година.

Пери отворено зборуваше за својата битка во 2002 година во интервју за „The New York Times“. „Го имав ова необично правило дека никогаш не би пиел на сет“, објасни тој. „Одев да работам со екстремни случаи на мамурлак. Толку е ужасно да се чувствувате така и да морате да работите и згора на тоа да бидете смешни“.

Profimedia
Profimedia

Лиза Кудроу, од друга страна, пак, го откри данокот што остатокот од екипата морала да го плати во тој период. „Тешко е дури и да го опишам тоа“, детално објасни сега 57-годишната актерка во една прилика. „Кога Метју беше болен, не беше забавно. Само безнадежно стоевме настрана. Едноставно не болеше да го гледаме така. Метју е еден од најсмешните луѓе што сум ги сретнала во животот. Тој е шармантен и смешен. Повеќето од најсмешните ситуации потекнуваа од Метју“.

Пери истакна дека воопшто не се сеќава на три години од снимањето на серијата. Особено помеѓу трета и шеста сезона.