Лидерот на бугарската партија, ВМРО, а истовремено и вицепремиер, Красимир Каракачанов, тврди дека на избирачкиот список се наоѓаат 120.000 граѓани на Северна Македонија со бугарски пасоши, вклучително и политичари. Каракачанов ги наведе: Александар Николовски, Антонио Милошовски, Никола Мицевски, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Љупчо Димовски, Бојан Стојановски и други. Каракачанов на својот Фејсбук профил ги покани сите да гласаат за бројот 1, според него, вистинското ВМРО. Тој дури иронично ги потсети дека имаат право на здравствена заштита и  бесплатна вакцинација во Бугарија.

„Разбирливо е дека совпаѓањето меѓу имињата и лицата кои носат водечки политички функции во Македонија може да биде случајно. Но, не е случајно. Знам дека за некои од нив е тешко да откријат дека се Бугари, но некои што јас лично ги познавам ја чуваат тајната на живеење за Мајка Бугарија и сонуваат за она што го истакнал лидерот на ВМРО Тодор Александров „повторното обединување на целиот Бугарски род“.

– Advertisement –

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ имаат само македонски пасоши, тие гласаат само во Македонија и ова им причинува задоволство,  одговори пратеникот, Антонио Милошовски.

Со приближувањето на парламентарните избори во Бугарија, реториката на многу политичари таму се засилува кон Македонија, во контекст на историските разлики. Каракачанов предизвика бројни реакции кога го честиташе празникот 8 март преку фотографија илустрирана со картата на Санстефанска Бугарија која ја вклучуваше целата територија на Македонија, како и делови од Србија и Албанија.

Anesa Salihu