Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.15 часот, ја лишиле од слобода М.З. (25) од Куманово осомничена дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари.

МВР денеска информира дека дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците.  М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.