Дваесет и седумгодишниот Ј.З. од Слупчане, општина Липково, синоќа е лишен од слобода поради тоа што со возило „опел“ превезувал 11 мигранти од Индија, Пакистан и од Авганистан.

Како што соопшти МВР, синоќа, околу 00,25 часот на автопат А1 Неготино-Велес тој не застанал на даден знак од страна на полициски службеници од Полициска станица Михајлово, по што во близина на Велес изгубил контрола над возилото, кое се превртело.

-Ј.З. и три лица мигранти со телесни повреди се пренесени во Општата болница Велес за пружање на лекарска помош, а потоа Ј.З. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка, додека мигрантите се сместени во Привремениот транзитен центар Винојуг, наведуваат од МВР

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.