Министерството за здравство информира дека на Клиниката за детски болести е дистрибуиран лекот Калидеко, терапија за пациентите со цистична фиброза кои се носители на III -klasa CFTR “gatting”мутација.

Оваа терапија која ја набави Министерството за здравство е за тројца пациенти кои ја имаат оваа ретка болест, со што им обезбеди лек за цела година.

После три години иницијални состаноци значајно е зголемен и бројот на лековите кои се вклучени во програмата за ретки болести и се бесплатни за овие пациенти. Со Ребаланс на Буџетот за 2021 година за третман на пациенти со ретки болести се обезбедени 580 милиони денари, што е значително повеќе, споредено со 2017 година, кога за буџетот на оваа програма биле издвоени 214 милиони денари, велат од МЗ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.