Извор близок до војводата од Кембриџ откри дека принцот Вилијам не се чувствува заробен во дворецот…

Во експлозивното интервју кое принцот Хари и Меган Маркл и го дадоа на славната водителка Опра Винфри, војводата од Сасекс изјави дека се чувствувал како заробеник во семејството пред тој заедно со својата сопруга да ги напушти кралските должности.

Тој исто така изјави дека сега конечно се чувствува слободен, но исто така и дека неговиот татко и брат, принцот Чарлс и Вилијам сè уште се „заробеници“.

Војводата од Кембриџ од изјавата на неговиот брат Хари е многу повреден, пишува „People“.

Фото: Профимедиа

Како што откриваат извори блиски на кралското семејство, принцот Влијам ниту најмалку не се чувствува како „заробеник“ во кралското семејство, а дури и по јавните напади на помладиот брат врз неговото семејство, чувствува уште поголема одговорност и поврзаност со монархијата.

„На принцот Вилијам со самото раѓање му е одреден животниот пат и тој во целост ја прифаќа таа улога“, изјави неговиот пријател додавајќи:

Фото: Профимедиа

„Тој е внук на кралицата, втор во редот за наследство на тронот и ги почитува сите задолженија и обврски кои произлегуваат од тоа“.

„Иако веројатно мислеше дека со неговите изјави ќе ја разниша довербата во семејството, Хари всушност со својата постапка го направи спротивното – дополнително ги зближи, особено принцот Вилијам со татко му, принцот Чарлс и неговата баба, кралицата Елизабета Втора“, наведе изворот.