Луѓе блиски до напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, ги демантираа информациите дека играчот учи француски јазик.

Како што пишува „Diario Sport“, повикувајќи се на потесниот круг на Аргентинецот, ниту самиот фудбалер ниту членовите на неговото семејство учат француски јазик.

Вчера, новинарот на „ Canal+“, Жофе Гарет ја рашири оваа информација, велејќи: „Меси и неговото семејство одат на часови по француски јазик. Зошто го прават тоа ако тој оди во Сити?“

Претходно постојано се пишуваше за интересот на Манчестер сити и на ПСЖ за Меси. Оваа сезона, напаѓачот, чиј договор со Барса истекува летото 2021 година, одигра 17 натпревари за клубот во Ла Лига, постигна 11 гола и направи две асистенции.