Пријанка Чопра (38) и Ник Џонас (28) ја прославија својата втора годишнина од бракот во декември.

Индиската актерка и Мис на светот ви 2000 година сега во интервју за магазинот „Пипл“ зборуваше за нејзината љубов кон американскиот пејач, во која многумина не веруваа премногу пред сè поради нивната разлика во годините.

Ник стапил во контакт со Пријанка на социјалната мрежа „Твитер“, а лично се сретнале на забава по доделата на Оскарите во 2017 година.

Instagram
Instagram

Искрено, бев шокирана од неговата дрскост. Тој ме фати за рака, ме сврте и јас си помислив: – Што се случува?… Тој беше храбар, самоуверен, тоа беше најатрактивното нешто кај него, и тоа чувство е присутно и денес“, изјави таа.

Пријанка откри дека нивното додворување всушност траело мнгоу кратко.

Едноставно се препуштив, „сурфав“ на тој бран затоа што му верував. Инаку сум тип на жена која сака да има контрола над сè, но тој е единствениот со кој чувствувам дека не треба да го правам тоа. Со Ник се чувствувам заштитено и смирено“, изјави Пријанка.

Instagram
Instagram

Чопра, која на почетокот на февруари ќе ги објави своите мемоари „Unfinished“, во мометов го завршува снимањето на филмот „Citadel“ во Лондон, а нејзиниот сопруг е во Лос Анџелес, но како што вели таа, наоѓаат начин да останат поврзани, иако се оддачелени илјадници километри.

Ник постојано ми вели: – Јас секогаш ќе бидам на твоја страна. Тоами го кажа на самиот почеток на нашата врска, многу пред венчавката. Дури и кога не се согласуваме за нешто, тој е покрај мене, безрезервно, и тоа е најубавото нешто во ова наше партнерство, поради него се чувствувам дека можам да направам се што ќе посакам“, вели таа.

Пријанка вели дека меѓу нив нема негативност и драма, тие постојано се надоградуваат и надополнуваат.

Instagram
Instagram

Можеме да зборуваме со часови и да уживаме, нашата комуникација никогаш не станува досадна. Се чувствувам многу благословено“, вели таа.

Instagram
Instagram

Во иднина дефинитивно сакам да станам мајка, но во моментов сум фокусирана на мојата кариера. Во овој момент, јас сум среќна со моите „други бебиња“ – мојата книга, моите филмови и мојата тв-емисија… Ми требаа цели десет години во Америка да се остварам професионално и да дојдам до позицијата на која сум сега. Уживам во неверојатни проекти, тие ми се приоритет во оваа фаза од животот“, заклучува Чопра