Францускиот напаѓач Килијан Мбапе би можел да биде sвезда на летниот преоден рок ова лето.

Мбапе игра во одлична форма минатата сезона во дресот на ПСЖ со кој има договор до крајот на следната сезона.

Во последните месеци многу се пишуваше дека Мбапе ја одбил можноста за продолжување на договорот со Парижаните, што може да го стави на трансфер листата за овој преоден рок.

Францускиот репрезентативец најмногу се поврзува со трансферот во Реал Мадрид, а кралскиот клуб секако ќе се обиде да го донесе Мбапе во своите редови.

Флорентино Перез е решен да вложи максимални напори да го доведе Мбапе, но јасно е дека тоа нема да му биде лесно.

Имено, вечерва зборуваше и претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, кој јасно изјави дека Мбапе воопшто не е на продажба.

“Да бидам јасен. Клијан Мбапе ќе продолжи да игра за ПСЖ и ние никогаш нема да го продадеме и тој никогаш нема да го напушти клубот како слободен агент. Тоа е невозможно”, рече Ал Келаифи.

Мбапе пристигна во ПСЖ летото 2017 година од Монако за дури 145 милиони евра и се покажа како големо засилување.

22-годишниот напаѓач во дресот на Париз досега одигра 171 натпревар и има постигнато дури 132 натпревари и запишано 61 асистенција.