Поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер не е виновен за воено профитерство. Ваква одлука денеска судот во Загреб во судењето за аферата „Хипо“. Станува збор за неправосилна пресуда која инаку е трета за овој случај откако со претходните две Санадер беше прогласен за виновен, но истите „паѓаа“ на Уставниот и Врховниот суд во Хрватска.
Обвинителството го гонеше Санадер дека како заменик-министер за надворешни работи кон крајот на 1994 и почетокот на 1995 година добил провизија од 3,6 милиони куни (речиси пола милион евра) од „Хипо банка“ откако на Хрватска ѝ бил доделен заем за купување згради за амбасади. На овој начин, според обвинителството, во тешката финансиска и економска ситуација во земјата предизвикана од војната, Санадер остварил незаконска финансиска корист што е несразмерна со загрозените темели вредности на државата и државните интереси.
Во објаснувањето на пресудата од загрепскиот суд, пренесува „Индекс.хр“, било посочено дека немало штета за Република Хрватска бидејќи сумата која се споменува не ја загрозила државата. Имало само морално штета. Исто така, судот потенцирал дека станува збор за случај кој е во фаза на застарување.