Шкотската премиерка Никол Старџен го обвини Борис Џонсон дека „се плаши од демократија“, додавајќи дека ќе побара „законски референдум“ за независност на Шкотска.
Шкотската национална партија го откри „патоказот за референдум“, претставувајќи план од 11 точки за тоа како имаат намера да ги презентираат своите планови за второто гласање.
– Advertisement –
Партијата сака да се одржи „законски референдум“ по пандемијата доколку има мнозинство за независност по парламентарните избори во Шкотска.
Претходно британскиот премиер, Борис рече дека треба да поминат најмалку 40 години помеѓу последното гласање за независноста на Шкотска во 2014 година за да може да се спроведе следно.