Светското првенство во 2022 година кое се одржува во Катар, уште еднаш потврдува дека Премиер лигата е најсилното и најубавото првенство во светот. Најмногу голови по првите две кола има од овој шампионат.

Advertisements

Ричарлисон, Сака и Бруно Фернандеш покажуваат дека англискиот шампионат ги има главните ѕвезди. Досега од Премиер лигата има 13 гола, со што се наоѓа на врвот на рангирањето на првенствата со најмногу голови на СП.

Следува Лига 1 на Франција со 12 гола, нешто очекувано бидејќи голем дел од играчите кои се во африканските репрезентации играат во Франција. Следни со 9 гола се од шпанската Ла Лига и германската Бундеслигата, оставајќи ја зад себе Серија А, со 8 гола.

Рангирање на првенствата според головите

Премиер лига (Англија), 13 гола

Лига 1 (Франција), 12 гола

Ла Лига (Шпанија), 9 гола

Бундес лига (Германија), 9 гола

Серија А (Италија), 8 гола

Суперлиг (Турција), 5 гола

Ередивизија (Холандија), 5 гола