Деновиве како да не спласнува прашината околу годинашниот македонски претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев.

Ексклузивно за Слободен печат – Васил Гарванлиев: Некој очигледно сака да прави скандали без потреба

По бурните реакции за спотот на песната „Here I stand“, беше објавено дека спотот за песната ќе се менува.

По реакциите за сличностите на уметничкото дело со бугарското знаме ќе се менува евровизискиот спот на Гарванлиев

Но, проблемите за Гарванлиев продолжија откако тој откри дека освен македонски има и бугарски пасош, бидејќи баба му била по потекло од Бугарија и имал далечни роднини таму. За себе вели дека е роден во Струмица, која како што вели се наоѓа од „другата страна на земјата“.

ВИДЕО: Македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев вели дека има и бугарски пасош

Откако веста за бугарскиот пасош предизвика нова лавина реакции, сега на социјалните мрежи се споделува петиција во која се бара Гарванлиев да не ја претставува Македонија на годинашното издание на Евровизија.

Во моментов кружат две петиции, а во првата има и барања:

Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.

1.     Претставникот на овогодинешниот Евросонг Васил Гавранлиев воопшто не ја претставува Македонија
2.     Васил Гавранлиев во интервју за Евровизија „случајно“ нагласува дека има бугарско државјанство и дека го добил поради тоа што Струмица е блиску до Бугарија (што за секој неупатен би требало да значи дека Струмица и Бугарија се едно)
3.     Настапот на Васил Гавранлиев изгледа како да е инсцениран во склад со политиките на Зоран Заев, Бучковски и Љубчо со кои се сака да се прифати дека Македонскиот Народ е создаден по 1944-та.
4.     Во неговиот спот „случајно“ некој ги заменил боите од триптихот на Жанета Вангели за да наликуваат на бугарското знаме.
БАРАМЕ:
– ОЈО да утврди одговорност за ноторна повреда на авторските права на Ж. Вангели – Да се утврди одговорноста на продуцентот за повреда и на угледот на државата со про-бугарски обележја
– Надомест на МАТЕРИЈЛНА и МОРАЛНА штета и суспеннзија на одговорните лица од работно место.
– Од страна на МРТ веднаш да се откаже настапот и да престанат понижувањата на Македонскиот Народ !
– Замрзнување на учество на македонски претставник до расчистување на овие скандали и утврдување објективни мерила и критериуми за избор на песна и учесник.