Околу 420 туристи од Велика Британија избегаа од швајцарскиот ски центар каде беше воведен карантин. Вработените во луксузниот туристички комплекс во Вербиер (кантон Вале), познат како „Мал Лондон“ затоа што е омилен меѓу британските туристи, забележаа дека гостите исчезнаа откако храната на послужавниците во нивните простории остана недопрена.

Жан-Марк Сандос, претставник на општина Бањ, каде се наоѓа хотелот, за „Сонтагзејтунг“ изјави дека 50 гости веднаш избегале, а од останатите 370 само десетина останале до недела. Сандоз изјавил и дека голем „исчезнале под закрила на темнината“.

Поради воведувањето нови правила во Швајцарија, откако во Велика Британија се појави нов вид на вирус корона, властите ги лоцираа Британците во Вербиер и им рекоа да се изолираат десет дена.

Сепак, многумина од нив не послушаа и побегнаа среде ноќ.

Швајцарската влада стравува дека меѓу нив има и такви кои се заразени со новиот вид на коронавирусот.

Бидејќи летовите се откажани поради новиот вид на коронавирусот, не е познато каде отишле, но „Дојче веле“ објави дека некои од нив отишле во Франција. Иако на туристите од Велика Британија им треба негативен тест за вирусот корона за да влезат во Франција, на границата Шатл честопати нема никој, тврди еден твитерџија кој живее во Франција.