Пишува: Сејјид Емин – Главен уредник на порталот ТИМЕБАЛКАН
Прашања до ВРЕДИ кои со пофалбата на „чисти албански гласови“ допираат нијанси на рацизам:
1. Како ги дефинирате чистите албански гласови?
2. Како ги делите тие гласови кога имаме низа случаи кога имаме семејства со мајка албанка, татко турчин, татко бошњак и мајка албанка или обратно?
3. Дали ако албанските гласови се „чисти“, гласовите на турците, бошњаците и ромите со кои патем добивте низа избори во минатото се прљави?
4. Почитуван Изет Меџити, зарем ни ние ниту актуелниот градоначалник на Општина Чаир не сте добиле гласови од турците во минатото?
5. Нели реализиравте голем број на значајни проекти во Општина Чаир во соработка со институции од Турција, на чело со Град Бурса?
6. Почитуван Билаљ Касами, зарем не добивте воошто гласови од Турција при избор за градоначалник на Општина Тетово? Ако толку ви сметаат турците, зошто толку често ја посетувате Турција?
7. Почитуван Арбен Таравари, дали е точно дека во минатото сте изјавиле дека без гласовите на ТДП (Турска демократска партија) и турците ќе беше невозможно да се зголеми разликата во Гостивар? Доколку не, како би го објаснеле фактот дека разликата од 5.000 гласови од последните локални избори во Гостивар е намалена на 50 гласа на 24 април?
8. Почитуван Африм Гаши, ако имате само „чисти албански гласови“ и турските гласови ги сметате за прљави, зошто на минатите избори заедно со претставници на турската заедница праќавте пораки на единство и солидарност и сошто се обидувате да ѝ се додворувате на Турција?
9. И последно прашање, на која етничка заедница припаѓа кандидатот на ВРЕДИ кој е носител во третата изборна единица? Доколку е турчин, чуму толкава врева, доколку е албанец, што бара на емисија на турски јазик во МРТ4? Линк: https://youtu.be/HKrKshX2zsc?feature=shared