Џезаре Прандели се повлече од клупата на Фиорентина. По само пет месеци на клупата на „Виолетовите“ тој заминува. Причина, секако се слабите резулати. На 23 меча Прандели забележа само шест победи. Фиорентина во моментов има 29 бодови и се наоѓа на 14-тото место.

Ова за Прандели беше втор мандат на клупата, после многу успешниот од 2005 до 20010 година, кога овој клуб играше и во ЛШ, а потоа беше селектор од 2010 до 2014 година.

До крајот на сезоната Фиорентина ќе ја води Џузепе Јакини.