Еден од најпопуларните јутјубери на сите времиња, Џејмс Чарлс, привремено нема да може да заработува од своите видеа на неговиот јутјуб-канал.
Одлуката на компанијата „Јутјуб“ доаѓа откако Чарлс беше обвинет за флерт и размена на несоодветни фотографии со малолетници.
Откако во јавноста се појавија обвиненијата на најмалку две малолетни лица дека Џејмс Чарлс, популарниот 21-годишен јутјубер, шминкер и сопственик на линија козметички производи, флертувал со нив и разменувал фотографии со несоодветна содржина, „Јутјуб“ конечно реши да реагира.
На каналот на кој Чарлс има 25.500.000 следбеници, заработката од реклами привремено е суспендирана. За тоа наводно било одлучено уште неколку недели откако јавноста беше згрозена од скандалот во кој беше вмешан Чарлс.
Популарниот сервис посочи дека јутјуберот ја прекршил политиката поврзана со создавање содржина – случаи во кои индивидуалните корисници привлекуваат гнев и негативно внимание кон себе. Но, од „Јутјуб“ не е посочено колку долго ќе биде на сила демонетизацијата.
Да потсетиме, на почетокот на месецот, Чарлс објави видео со јавно извинување, но дури и по извинувањето повторно стана мета на критики, не само поради претходното несоодветно однесување, туку и затоа што наводно вметнал заработка на видеото во кое се извинува.
Чарлс не е првата личност на која ѝ е забранета заработка на јутјуб-каналот поради кршење на политиката за создавање содржина.
Ова веќе му се случило на Шејн Доусон, кој објави расистичка и антисемитска содржина, како и на Дејвид Добрик, чиј поранешен близок соработник беше обвинет за силување…