Рускиот актер Витали Алшански е пронајден мртов во неговиот стан. Актерот почина на 52-годишна возраст.

Заслужната уметничка на Русија, Елеонора Шашкова рекла што ѝ претходело на смртта на нејзиниот кум – ѕвездата од серијата „Бригада (тимот на Саша)“ Витали Алшански.

Тој починал во својот стан на улицата Вернаја. Витали престанал да комуницира со луѓето пред неколку дена и полицијата морала да ја отвори вратата од неговиот дом.

Шашкова, позната по улогата на сопругата на Штирлиц во филмот „Седумнаесет мигови на пролетта“, е кума на Витали Алшански.

– Бевме пријатели со мајката на Витали, таа почина пред осум години, тој беше многу загрижен по нејзината смрт, многу ја сакаше – рекла Елеонора, пренесува Mк.ру.

– Не толку одамна, бевме со него на нејзиниот гроб, а Витали тогаш рече : „Наскоро и јас ќе лежам тука – додала Елеонора.

„Пред околу пет години, му почнаа проблемите со работата, никаде не го викаа да снима, единствено што беше повикан во една комична програма на еден од каналите, но тоа, се разбира, не му одговараше. Тој беше, благо речено, лошо расположен“, раскажала кумата на Витали.

– Чекаше повици, но ги немаше. Во последно време, крвниот притисок на Витали нагло се зголеми, понекогаш и до 240. Живееше сам, неодамна ја пријави својата сестра во својот стан. Контактиравме речиси секој ден, но тој престана да комуницира пред неколку дена. Потоа отидов кај него и заедно со полицијата успеав да влезам во станот, каде што беше пронајден мртов – рекла Шашкова.