Европската ракометна федерација денес ги објави списоците на Македонија и Данска.

Нашиот селектор Кире Лазаров во составот ги вметна Игор Ѓорѓиев и повратникот Филип Миркуловски против Данска.

На скратениот список отпаднаа Мишевски (кој е позитивен на корона вирусот) и Димитриовски (повреден).

Оние кои тренираа а ги нема во списокот се: Горан Крстевски, Марко Кизиќ, Мартин Серафимов, Емилијан Ѓорговски и Михаил Аларов.

Натпреварот ќе се одигра вечерва во 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.