
Tри од четирите екипи се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија во фудбал, откако мечот меѓу Скопје и Шкендија беше прекинат поради напад на навивачите над гостинските фудбалери.
Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Македонија Ѓорче Петров, со минимален резултат 1-0, го совлада тимот на Академија Пандев, благодарение на голот на Адама Самаке.
Струга Трим Лум на домашен терен ја победи Брегалница со 2-0. Автори на головите за локалниот тим беа Малиќи и Шабани.
Во меѓувреме, во Кратово, Силекс го победи Вардар, по изведувањето на пенали, откако во регуларното време ,натпреварот заврши нерешено без голови.