Оваа сезона ќе добиеме нов европски шампион бидејќи Баерн синоќа испадна во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Лигата на шампионите влегува во самиот финиш, а по вечерашниот реванш ги дознавме екипите кои остварија пласман во полуфиналето од најелитното клупско натпреварување во светот.

По ПСЖ и Челси, кои синоќа се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите, им се придружија уште и Манчестер Сити и Реал Мадрид

Ова значи дека во полуфиналето од ова натпреварување ќе ги гледаме судирите помеѓу ПСЖ – Манчестер Сити и Реал Мадрид – Челси.

Првите натпревари од полуфиналето ќе се играат на 27 и 28 април, додека реваншите се закажани седум дена подоцна. Финалето во Лигата на шампионите ќе се игра на 29 мај во Истанбул.