Вака изгледа денеска изгорениот врв на планината над тунелот Калимаш на автопатот кој ги поврзува Албанија и Косово. Според комисијата за цивилна заштита, над тунелот, делот од страната на Кукс е изгаснат и ставен под контрола, додека критичниот дел е од страната на Фани. Градоначалникот на Кукс вели дека во ниту еден момент не било запрено движењето на автомобилите во тунелот.

Advertisements

„Хеликоптер досега направи 9 рути и пожарот е ставен под контрола. 66 пожарникари и 9 пожарникарски возила се вклучени во операцијата. Набрзо пожарите ќе бидат ставени под контрола“, рече Зенел Кучана, градоначалник во Кукс.

При гаснењето на пожарот кај Калимаш се вклучија и припадници на Косовските безбедносни сили.

„Подготвеноста е висока, денеска ситуацијата е помирна благодарение на интервенцијата на властите… Верувам дека денес целосно ќе го ставиме под контрола пожарот на врвот Руна“, изјави Нико Пелеши, Министер за одбрана на Албанија.

Албанската полиција соопшти дека има и повеќе уапсени лица осомничени за подметнување на пожарите.

„О д 25 јули до 10 август како резултат на истражната работа извршена од структурите на локалните полициски дирекции низ целата земја, уапсени се 15 лица, за 16 лица се процесирани кривични пријави и по 2 лица се трага“, рече Или Васили, директор за Јавен ред во Државната полиција.

Но, само што беше изгаснато жариштето кај Дукат, Валона, ново жариште се појави во близина на боровите шуми на планината Логара. На тоа место беснееја големи пожари и викендот.

Еви Шкопи