Корисниците почнаа да известуваат како WhatsApp работи за нив.

На DownDetector, процентот на пријавени проблеми со испраќање пораки падна од 91% на 75%.

Се чини дека Мета го реши проблемот, а корисниците сега можат да примаат пораки и повици, а WhatsApp Web исто така повторно работи.

Сè уште нема официјално соопштение за поправка.

Да потсетиме, корисниците почнаа да пријавуваат проблеми околу девет часот наутро, што значи дека апликацијата била исклучена дури повеќе од два часа.