Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, извести за состојбата на првата ѕвезда на тимот Стеф Кари, кој го повреди скочниот зглоб на крајот на мечот со Клиперс (101:108) одигран рано утрово.

– Кари ми кажа дека повредата не е сериозна. Сепак, останува да се извршат медицински прегледи за да бидеме сигурни. Се надевам дека во многу скоро време ќе се врати на теренот, изјави Кер.

Кари помина 35 минути на паркетот против Клиперс. Триесет и двегодишниот кошаркар постигна 13 поени.