Научникот кој ја разви вакцината „Спутник 5“ дава неколку совети за сите оние што ќе се вакцинираат против корона вирусот.

Раководител на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинтсбург, кој беше водечки во тимот што ја разви вакцината, вели дека е важно да се внесуваат многу протеини.

Луѓето кои примаат вакцина за Ковид-19 треба да јадат повеќе храна богата со протеини, бидејќи недоволно протеини може негативно да влијаат на производството на антитела кон корона вирусот. Количината на храна богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната, има големо влијание врз производството на антитела. Производството на антитела е процес што троши многу енергија, така што внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозен ефект – изјави Гинтсбург за ТАСС.

Тој нагласува и дека сите форми на стрес можат забележително да го намалат бројот на антитела.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.