Потрошувачките и стамбените кредити се најбарани кредитни производи на граѓаните од банките. Во првите два месеци од годинава вкупните земени кредити и од граѓаните и од фирмите бележат раст од 4,4 насто, во споредба со истиот период од 2020 година. Вкупниот долг на граѓаните и компаниите достигна 5,8 милијарди евра, од кои околу 3 милијарди се кредити на домаќинствата. Граѓаните велат дека задолжувањето кај банките стана непходно за да може да се подмират основните потреби.

„Мислам дека сега граѓаните повеќе се задолжуваат затое што цените за храна одат превисоко и секоја нова пратка во маркетите е со нова цена. Мислам дека 90 посто од населението е веќе задолжено. “

– Advertisement –

„Кредитите се главни за опстанок на луѓето. Колку што гледам сега младите многу заглавуваат со брзи кредити и после тешко ги враќаат со извршители.“

„Јас сум пензионерка ги знам моите колешки од работа и пријателките, не земаме ние, ние слабо се задолжуваме. Нивните деца се задолжуваат за станови мора да дојдат до кров.“

Од Нардонта банка велат дека задолжувањето на правните и физички лица за разлика од претходните години бележи умерено намалување, а тоа се должи на добро дизајнираните мерки воведени во 2016 година.

Кредитирањето на населението проджува со солидна стапка, но забавена со претходниот период оклу 7 поценти, а најголем раст во кредитирањето на населението бележат стамбените кредити, некаде 13 проценти, а потошувачките забвија на околу 6 – 7 проценти – изјави Анита Ангеловска Бежовска- Гувернерка на НБРМ.

Од друга страна, во услови на најголема економска криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот, за 4,6 отсто е зголемена и заштедата која ја чуваат граѓаните и фирмите во банките. Вкупните заштеди достигнаа седум милијарди евра од кој четири милијарди се заштеди на граѓаните во банките.

Андреа Чобанова