Среќна завршница на патешествието на нашиот потполковник кој во Централноафриканската Република заболе од КОВИД, извести министерката за одбрана Радмила Шекеринска на „Фејсбук“.

По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома! Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него. Благодарност до сите! Ништо не оставивме на случајноста и ова е најдобриот исход што сите го посакувавме! Потполковникот набргу се враќа меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата, објави Шекеринска.

Потполковникот на Армијата што учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република беше донесен со медицинска евакуација откако беше тестиран позитивен за коронавирус.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.