Во Министерството за здравство денеска во рамки на GGP Програмата на Амбасадата на Јапонија, за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, ќе биде потпишан договор со Универзитетската клиника за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат.

Како што информираат од Министерството за здравство, на церемонијата на потпишување ќе се обратат министерот за здравство, Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија во во РС Македонија, Оцука Казуја, и директорот на УК за детски болести, Реџеп Мемеди.