МНР соопшти дека изминативе два дена се одржала 17-тата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, во Софија.

Од таму додаваат дека средбата поминала во конструктивна и отворена атмосфера, што придонело за постигнување на одреден напредок во работата на Заедничката комисија.

-Во рамките на Заедничката седница на Владите на Бугарија и Северна Македонија, кое се одржа на 25 јануари, копретседавачите на Комисијата проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на месец мај. Членовите на Комисијата ја потврдија посветеноста за одржување на активен дијалог.

Се планира следната средба на Комисијата да се одржи кон крајот на месец март или почетокот на април во Скопје, појаснуваат од македонската дипломатија.