Катарските власти ќе ја стават на црна листа Португалија по завршувањето на Светското првенство поради изјавите на претседателот Марсело Ребело де Соуза и премиерот Антонио Коста.
Португалските дипломати зборуваа за човековите права на конференцијата во Доха пред натпреварот помеѓу Португалија и Гана. Иако овие зборови беа прилично благи, владата на Катар веќе ги разгледа претходните изјави на лидерите на оваа европска земја, по што португалскиот амбасадор во земјава беше повикан кај вицепремиерот на Катар.
Црната листа може да има политички и економски импликации и да влијае на движењето на луѓето меѓу двете земји. Данска, Германија и Франција се исто така земји чиј статус се разгледува и истите може исто така да бидат ставени на црната листа на Катар./Gol.mk/