Шпански тенисер Карлос Алкараз ќе ја заврши 2022 година на врвот на светската ранг листа. Иако не игра на АТП финалниот турнир кој се одржува во Торино бидејќи е повреден, тој утрово доби добри вести.

Advertisements

Единствениот кој можеше да му го украде местото беше Рафаел Надал, но 22-кратниот победник на гренд слем турнирите, е елиминиран од натпреварувањето. Надал беше поразен со 2-0 (6-3, 6-4) од канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме, со што го претрпе вториот последователен пораз во 48 часа во групната фаза.

Така, елиминацијата на Надал и официјално му дава на Алкараз врвот на светската ранг-листа за оваа година. 19-годишната тенисер е на врвот на АТП листата, после триумфот на УС Опен во септември, а ниту еден ривал не може да го преземе до јануари, кога почнуваат првите турнири во новата сезона.

Прикажи повеќе