Поранешниот сопруг на Ким Кардашијан (40) Крис Хамфрис (35) беше фотографиран на плажа во Мајами со инфлуенсерката Нејлин Ешли (32), која е идентичена со Ким.

Имено, американскиот кошаркар беше фотографиран како ги поминува првите денови од 2021 година со тетовиранаta русокоса која неодоливо личи на неговата поранешна сопруга по лице и тело, со која беше во брак во 2011 година 72 дена.

Profimedia
Profimedia

Мистериозната убавица со која кошаркарот ги поминува празниците подоцна беше идентификувана како Нејлин Ешли, која има 2,1 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Тие беа видени како уживаат на сончевиот ден на плажа за новогодишната ноќ во 2021 година, а по тој повод, Ешли го покажа своето згодно тело во минијатурно бикини кое едвај ги покриваше нејзините бујни атрибути.

Profimedia
Profimedia

Инфлуенсерката носи костим за капење со леопард дезен и црна танга кој особено ги истакнува бујните гради, големиот задник и тесниот струк – изглед кој потсетува на телото на Ким.

Profimedia
Profimedia

Фановите велат дека Ешли изгледа исто како и Ким Кардашијан, а единствената разлика е во огромната тетоважа на нејзиниот задник и стомак. Инфлуенсерката има исти задник, гради и профил на лицето како Ким, а обожавателите велат дека таа е „евтина копија на Кардашијан“.

„Тие се исти“, „Дали е можно тој да излезе со девојка која е иста со неговата поранешна сопруга Ким?“, „Изгледа како ефтина Ким Кардашијан“, „Уф, има опериран задник“, „Лошата копија на Ким“ Ким Кардашијан“, беа само дел од коментарите на обожавателите кои ги видоа фотографиите.