Судот во Бања Лука го осуди поранешниот министер за образование на Република Српска и универзитетски професор Ненад Сузиќ на девет години затвор поради сексуално злоставување на 14-годишно девојче.

Покрај затворската казна на Сузиќ му е изречена и мерка според која повеќе не може да биде професор, како и забрана за приближување и комуникација со одредени лица и приближување на оштетеното девојче.

Во затворскатра казна пресметано е и времето штио Сузиќ го помина во притвор од 5 јуни до 5 декември 2019 година.

Сузиќ (71) е уапсен во јуни 2019 година откако родителите на жртвата пријавиле во полиција. Тој е сосед на злоставуваното дете.

Сузиќ беше министер за образование во првата влада на Милорад Додиќ од 18 јануари 1998 до 12 јануари 2001 година.