По сè изгледа Заев, не случајно, на Гаши му го дава директорот на МЕПСО, затоа што само тој прв ја кажа вистината за драматичната состојбата во производството на електричната енергија во Македонија, која директорот на ЕСМ и министерот и натаму се обидуваат да ја сокријат.
Срам за Заев и за Гаши, ако оваа понуда ја прифати, напиша на Фејсбук, Џевдет Хајредини.

Како што е познато, во преговорите помеѓу Зарв и Гаши, Алтернатива доби 47 позиции, меѓу кои и директорското место во МЕПСО.

Инаку, Хајредини е поранешен министер за финансии, функција која ја извршуваше од 1992 до 1994 година.