Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи по повод смртта на Ѓорѓе Балашевиќ и изјави дека кантавторот „остави голем белег во вечноста“.

Познат кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина вчера на 67-годишна возраст, а многу познати личности, и од Србија и од регионот, од вчера се збогуваа со него.

Најдобриот тенисер денес се збогуваше од Балашевиќ со зборовите:

„Среќно патување до ѕвездите. Ви благодарам за стиховите што оставаат голем белег во вечноста”, напиша тој на Инстаграм и објави фотографија со стихот:

“Ne vredi nam brinutio deco. Sve to je zapisano tamo negde gore u zvezdama…”