Врнежите кои почнаа пред два дена предизвикаа поплави низ цело Косово. Во Ѓaковица под вода се и неколку домови. Скендерај е најпогоден од обилните врнежи од дожд. Во општината е прогласена вонредна состојба.

Врнежите кои почнаа пред два дена предизвикаа поплави низ цело Косово. Во Ѓaковица под вода се и неколку домови.

Раководителот на Единицата за вонредни ситуации во Ѓаковица, Бесим Меќа изјави дека и покрај дождот, состојбата е стабилна.

Состојба e тешка и во село Баране, Пеќ. Поплавени се улици и дворови на неколку куќи, поради што е оневозможено нормалното движење на жителите. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување во Пеќ, Гезим Гаши, изјави дека освен во ова село, состојбата се менаџира и во други делови.

Обилните врнежи предизвика проблеми и во Митровица. Десетици куќи се поплавени во т.н. „Босанско маало “ на север на Митровица, како последица на излевањето на реката Ибар.

Од поплавите е зафатено и Подуево. Жителите од село Гламник се жалат дека водата не навлегла во нивните домови, туку во шталите за стока.

Локалното население во Глоговац пак, остана без вода за пиење. И во некои делови во Приштина има ограничувања на водата за пиење.

Портпаролката на Регионалното водостопанство „Приштина“, Арјета Мјеку, истакна дека состојбата со снабдување со вода е најтешка во општина Глоговац, но додава дека ќе има цистерни за да ги снабдат граѓаните со вода.

Од Хидрометеоролошкиот институт на Косово најавуваат дека ваквото време ќе продолжи и во наредните денови. Како што се наведува во соопштението, се очекува зголемување на нивото и наносите на реките, што претставува ризик од дополнителни поплави.