Францускиот репрезентативец Усман Дембеле се уште нема донесено одлука за својата иднина во Барселона.

Дембеле пристигна во каталонскиот клуб пред четири години од Борусија Дортмунд за дури 140 милиони евра како замена за Нејмар, но јасно е дека на „Камп Ноу“ тој сè уште не успеа да ги оправда очекувањата.

Тој имаше многу проблеми со повредите во претходните четири сезони, па Дембеле успеа да го покаже својот квалитет дури минатата сезона, поради што беше донесен за толку пари.

24-годишниот напаѓач има договор со Барселона до крајот на следната сезона, па Каталонците се подготвени да ја продолжат соработката со него за уште четири години.

Сепак, клубот е лут што Дембеле одбива да започне преговори за нов договор, па го замолија да се огласи и да ги извести за неговата одлука. Доколку Дембеле го одбие новиот договор, тогаш клубот сигурно ќе се обиде да го продаде ова лето.

Барселона не сака да му дозволи на Дембеле да го напушти каталонскиот клуб како слободен агент следното лето и по завршувањето на Европското првенство ќе мора да ја објават одлуката дали ќе си замине или ќе потпише нов договор.

Шпанските медиуми денес објавија дека неколку клубови покажале интерес за Дембеле, а предничи Јувентус, кој сака да го донесе францускиот репрезентативец, но не и ова лето.

Имено, клубот од Торино подготвува интересен план и ќе се обиде некако да го убеди Дембеле да остане во Барселона, но не и да потпише нов договор, дури и ако остане на клупата и следната сезона.

Јувентус сака да го донесе Дембеле бесплатно следното лето и му понудија петгодишен договор според кој ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Сепак, јасно е дека Барселона нема да дозволи играч на кој му беа исплатени 140 милиони евра бесплатно да замине. Доколку не потпише нов договор, Каталонците сигурно ќе се обидат, ќе дадат се од себе да го продадат ова лето.

Минатата сезона, Дембеле одигра 44 натпревари во сите натпреварувања за Барса, постигна 11 гола и забележа пет асистенции.