Помладите возрасни пациенти примени во болница со ковид-19 имаат голема веројатност да страдаат од компликации како оние над 50 години, открило едно истражување.

Четири од 10 од оние меѓу 19 и 49 години развиле проблеми со бубрезите, белите дробови или други органи додека биле лекувани.

Во истражувањето биле вклучени 73.197 пациенти од сите возрасти низ 302 британски болници во првиот бран на ковид-19 во 2020 година.

Пораката е дека ова не е само болест на стари лица и изнемоштени“, вели проф. Калум Семпл, кој го водеше истражувањето.

Ковид-19 не е само грип и тоа се гледа дури и кај млади возрасни лица кои доаѓаат во болница и претрпуваат значителни компликации, од кои некои ќе бараат понатамошно следење и потенцијално понатамошно лекување во иднина.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.