Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 467 и има околу 680 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштии Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 264 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Вкупно 193 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.