Полските власти, најверојатно, денеска ќе најават воведување на поостри анти-епидемиолошки мерки, пред се, поради зголемувањето на бројот на новоинфицирани со коронавирус, изјави владиниот портпарол Пјотр Милер.

-За жал, на чекор сме од пробивање на бариерата од 10.000 нови инфекции дневно и затоа можеме да очекуваме заострување на мерките, рече Милер во интервју за полска приватна ТВ станица, пренесуваат британските медиуми.

Кон средината на овој месец, полската Влада ги олабави мерките, дозволувајќи посети на театри и скијачки центри, но во моментов се соочува со третиот бран од епидемијата.