„Златните ознаки ќе бидат за компаниите, сивите за владите, додека сините ознаки ќе бидат за поединци (без разлика дали се познати или не)“, напиша Маск на својот профил на Твитер.

Advertisements

Тој исто така додаде дека сите сметки ќе бидат темелно проверени пред да добијат ознака. „Поединците ќе можат да додадат мало лого до знакот за проверка што ќе покаже на која организација припаѓаат, но само ако организацијата претходно го одобри тоа“, рече Маск, додавајќи дека следната недела ќе открие повеќе детали.

Твитер неодамна го одложи воведувањето на сината ознака, кој требаше да стане достапен за сите корисници за 8 долари месечно. Најавено е дека новите сини ознаки повторно ќе бидат достапни од 29 ноември.

Воведувањето на новиот модел сини ознаки беше одложено поради огромниот број на лажни сметки, од кои некои го имитираат и Маск. Синиот знак порано беше прашање на престиж, а можеа да го добијат само проверени сметки и сметки на политичари, познати личности, новинари и други јавни личности.

Прикажи повеќе