Американските власти ја погубија Лиса Монтгомери, единствената жена во сојузниот затвор што чекаше да биде погубена, во средата рано наутро откако Врховниот суд ја отстрани последната пречка со одбивање на одлуката на понискиот суд за одложување на егзекуциите, според новинарот кој го следел погубувањето во име на јавноста.

Нејзиното погубување е прво извршено врз жена од 1953 година.

– Advertisement –

52-годишнaтa Монтгомери беше осуденa во Мисури во 2007 година за киднапирање и убиство на Боби Џо Стинет, жена во осмиот месец од бременоста чие бебе го извадила од утробата. Детето преживеало.

Монтгомери ја пронашла својата жртва на Интернет и ја посетила нејзиниот дом во Мисури под изговор дека сака да купи куче. На местото на настанот, таа ја задушила, ѝ ја расекла матка, го извадила детето и ја оставила младата жена во локва крв.

Погубувањето на Монгомери беше одложувано неколку пати, бидејќи одбраната тврдеше дека таа не била психички способна да ја разбере причината за казната.

Егзекуцијата со инјекција е извршена во затвор во Тере Хоут, Индијана.

Адвокатскиот тим на Лиза Монтгомери побара помилување тврдејќи дека таа го сторила злосторството поради нејзиното тешко детство во кое била малтретирана и жртва на континуирано силување од нејзиниот очув и неговите пријатели. Адвокатите побарале смртната казна да биде заменета со доживотен затвор.