Нови 100 милиони евра добри земјава од Европската инвестициска банка (ЕИБ) наменети за поддршка на петпријатијатам со договор што беше потпишан денеска.
– Денеска потпишавме исклучително важни договори со ЕИБ со кои се обезбедуваат 100 милиони евра поволни средства за малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија или една значајна ликвидносна поддршка за заздравувањето од ковид-пандмеијата. За нашата економија овие средства значат нови вработувања, нови инвестиции, а со тоа и придвижување на економската активност, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими по потпишување на договорот.
Тој оцени дека ова е доказ за две важни партнерства, прво со ЕУ, а потоа и со ЕИБ.
Средствата ќе се пласираат по поволни услови и ќе им бидат достапни на претпријатијата преку деловните банки.
Министерот наведе дека претходните кредитни линии од ЕИБ од 450 милиони евра покажаа добри резултати и со нив се поддржани над 2090 проекти. Од вкупната сума, 75 отсто се за инвестиции и се отворени над 8000 работни места.