Астероидот 2009 JF1, според последните податоци се наоѓа на оддалеченост поголема од 375 милиони километри од Земјата, но ѝ се приближува со брзина од 18 километри во секунда и до неа би требало да пристигне во 2022-та година.
Научниците со години ги набљудуваат астероидите кои што поминуваат во близина на планетата Земја, а особено ги следат оние кои што на нашата планета би можеле да ѝ застанат на патот.
И додека сите овие години на Земјата ја погодуваат десетици илјади ситни астероиди кои што не предизвикуваат никакви проблеми, поголемите астероиди може да покренат катаклизмични настани.
Еден таков наречен е 2009 JF1 кој што е откриен во 2009-та година, а научниците сега се плашат дека истиот тој до 2022-та година би можел „непријатно“ да ѝ се приближи на Земјата, па може дури и да ја погоди.
Како што појаснуваат од НАСА, исклучително е тешко да се утврди точното движење на астероидот затоа што на тоа може да влијаат многу фактори. Но, без оглед на тоа тие истакнуваат дека можноста астероидот да удри во Земјата е 1:3800, односно 0.026 отсто.
Целиот текст може да го прочитате на ТОЧКА.