Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 05 часот и 49 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.2.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Текстот Почувствуван земјотрес во Скопје е превземен од МАКФАКС.